ВМРО- ДПМНЕ: Македонија гори, а на СДС око не му трепнува- граѓаните сами се борат со огнените стихии

 

- Македонија гори, а на СДС око не му трепнува. Си тераат одмори, а од лежалка, под чадор, проблемите и стравот на граѓаните изгледаат помали од зрно песок на морските плажи. СДС не го интересира тоа што горат илјадници кубни метри шума. Не го интересира што горат куќи и имот кои граѓаните со пот ги заработиле. Не го интересира тоа што се загрозени села и манастири. СДС го интересира само реализирање на антидржавната агенда и летниот провод- се вели во денешото соопштение на ВМРО- ДПМНЕ.

         -Затоа граѓаните сами се борат со огнените стихии, а самоорганизираните доброволци се единствената надеж во спречување на катастрофалните последици.

         - Влада на СДС ја нема на терен. Министерот за земјоделие мистериозно го снема од земјава покажувајќи целосна негрижа за шумите. Министерот за внатрешни работи се посвети на целосна партизација па новопоставените послушници не може да откријат и санкционираат сторители на ниту еден случај на подметнат пожар. Земјата гори. Десетици пожари се активни, а не е откриен ниту еден сторител. СДС свесно испраќа порака дека секое однесување кое е на штета на граѓаните, кое го доведува во опасност нивниот живот, здравјето и имотот, може да мине неказнето- велат од таму.

        -  Владата на Заев ги игнорира настанатите пожари кои периодов уништуваат се пред себе. Поради слабата интервенција и неспособноста на владата на Заев ниту еден пожар не е локализиран на време со што е предизвикана ненадоместлива штета.

         - Пратениците од СДС по налог на нивниот шеф Заев бегаат од дебата во Собранието на Република Македонија за настанатите пожари кои ја зафатија цела држава. Бегаат затоа што не сакаат да слушнат што мислат граѓаните и кои се нивните потреби- велат од ВМРО- ДПМНЕ.

         - За неполни три месеци од владата на СДС излезе на виделина нивната неспособност и негрижа за проблемите и потребите на граѓани. Неспособниот СДС и Заев не чувствуваат никаква одговорност за да ги редуцираат или надоместат штетите кои настанаа од пожарите. Додека Заев и СДС уживаат во фотелјите и трошат народни пари, поради нивна негрижа и неажурност загрозени се здравјето и животите на граѓаните, како и животната средина. Граѓаните не можат да ја трпат неодговорноста и негрижата на СДС. Граѓаните заслужуваат да живеат спокојно и мирно- информираат од штабот на ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

11.08.2017 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега