Стружанец ја нападнал сопругата, сакал да ја затвори за да не излегува од дома

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 43- годишниот Г.Д од струшкото село Ложани.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти јуни годинава околу 22 часот во семејниот дом во селото Ложани, каде поради нарушени  брачни односи настанала жестока вербална расправија со неговата сопруга.

-Во еден момент од караницата, сега пријавениот Г.Д. физички ја нападнал сопругата, силно стегајќи ја со рацете во пределот на подлактиците и надлактиците и влечејќи ја со цел да ја затвори во собата за да не излегува од дома. Притоа, тој предизвикал страв и вознемиреност кај сопругата и и нанел видливи телесни повреди што подоцна биле констатирани во Општата болница во Струга, информираат од СВР Охрид.

 

 

 

 

11.08.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега