Пожарот во близина на манстирот Трескавец повторно активен

Повторно се разгоре пожарот околу манастирот Трескавец кај Прилеп кој вчера беше ставен под контрола.

Според командирот на противпожарната единица Станко Колески, кој моментално е на теренот со екипите и доброволците, пожарот се обновил околу 9 часот изутрината.

- Одненадеж се обнови пожарот кај предавателите околу манастирскиот комплекс Трескавец. Во моментов огнот го гаснат и се обидуваат да го пресечат повеќе од 60 луѓе, пожарникари, доброволци, помош од прилепските фирми, изјави Колески.

Инаку, уште се активни и двата други пожари во прилепско, кај селата Никодин и кај Бонче-Крушевица, мариовско. Борис Јованоски од ЈП „Македонски шуми - Црн бор“ изрази надеж дека денеска ќе ги стават овие пожари под контрола.

- Секој момент очекуваме да дејствуваат леталата на Дирекцијата за заштита и спасување и затоа се надеваме дека денеска ќе ги ставиме под контрола, додаде Јованоски. 

 

 

 

11.08.2017 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега