Две млади момчиња повредени во сообраќајка на магистрален пат Велес – Штип

На 09.08.2017 година околу 23,00 часот на магистрален пат Велес – Штип во близина на село Сарамазлино се случила сообраќајна несреќа во која мопед управуван од 23-годишниот С.П од Лозово се превртел.

По несреќата С.П заедно со неговиот сопатник на мопедот - 16 годишно лице исто така од Лозово се пренесени во Медицински Центар Велес за укажување на медицинска помош, каде што кај сопатникот се констатирани телесни повреди, а на С.П. му е констатирана тешка телесна повреда и поради сериозноста на повредата е пренесен и задржан на понатамошно лекување во Клинички Центар „Мајка Тереза“ во Скопје на КАРИЛ. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.

 

 

 

11.08.2017 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега