ВМРО- ДПМНЕ: Граѓаните не добија ништо од ветеното на СДС, освен задолжување на државата
-СДС со ништо не може да го прикрие своето расипничко трошење, неспособност и безидејност во водење на државата- се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата на СДС за овие неполни 3 месеци успеа само да ја задолжи Република Македонија и граѓаните. Заев и Тевдовски единствена мерка што ја спроведуваат е исплата на партиските долгови кон послушниците и соросовите активисти со пари на граѓаните преку забрзано задолжување. За сето ова мегафоните на СДС молчат и замижуваат пред вистината која јавноста има право да ја знае.Зошто мегафоните на СДС ниту еднаш не ја кажаа цифрата со која секојдневно Тевдовски ги задолжува граѓаните?- велат од таму
-Секој ден нашата држава по основ на државни хартии од вредност се задолжува за 1.5 милион евра. За секој поминат час се задолжува за 62.500 евра додека секоја одмината минута задолжувањето изнесува 1.050 евра. За 70 дена министерот за задолжување Тевдовски, успеа да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3.100 денари, односно 50 евра. Лицемерието е уште повидливо откако министерот за задолжување успеа да стопи 126 милиони евра од девизните резерви- се вели во соопштението
- СДС во предизборниот период ветуваше кули и градови, но граѓаните добија само задолжување за кое нема никакво објаснување. Единствено е јасно дека овие народни пари не одат за ветената минимална плата од 16.000 денари, ветената просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите, бидејќи нив сеуште ги нема, а граѓаните и докторите ги очекуваат. Засега се гледаат само луксузите и нарачките на октоподи, морски плодови, цвеќиња, партиски вработувања и вдомувања на соросовите војници. Затоа СДС многу брзо ќе сноси политичка одговорност, на 15-ти октомври народот ќе му ја испрати пораката на незадоволство од неспособниот премиер Заев. Тој ќе биде поразен и делегитимиран- соопшти ВМРО- ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа