Детали за убиството во Велес: Го убил соседот, сопругата се бори за живот - сеел крв на секој кат од куќата

Велес и Македонија се потресени по црната вест за убиството кое се случило доцна синоќа во 3 часот по полноќ. Како што информираат од полицијата, убиен е еден маж, а повредени се четири лица, членови на истото семејство, од кои некои потешко.

46-годишниот С.В. во три по полноќ насилно влегол во куќата на 66-годишниот сосед Д.Н. со кој имал нарушени односи, и со чекан и хебла кои ги носел со себе, на него и неговата сопруга Л.Н. како и нивната 31-годишна ќерка Т.Н. кои биле на првиот спрат од куќата, им нанел тешки повреди на главата. Д.Н. кој потоа бил пренесен во велешката болница за жал им подлегнал на повредите и покрај напорите на лекарите, а неговата сопруга со крварење на мозокот е итно донесена на Ургентен во Скопје.

Убиецот се качил и на вториот кат од куќата каде се наоѓале братот на убиениот и неговата сопруга, и и нив ги повредил.

Од МВР информираат дека напаѓачот е приведен, а полицијата работи на целосно расчистување на овој случај.

 

 

 

16.08.2017 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега