Се судрија два автобуси и две возила - хаос во струмичко, повеќе повредени

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера во Струмица, помеѓу селата Банско и Муртино, кога се судриле два автобуса, теренско возило и автомобил, при што повредени се повеќе лица.

Несреќата се случила во 14 часот и 20 минути кога автобус „Ванхул“ управуван од 62-годишниот Б.К. се судрил со автобус „Неоплан“ управуван од 59-годишниот Ѓ.Ј. теренско возило „Опел комбо“ со кое управувал 51-годишниот М.М. од село Радово и автомобил „Опел зафира“ која ја возел 26 годишниот Р.И. од Радово.

Од полицијата денеска информираа дека во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на „Комбото“ М.М. кој по укажаната лекарска помош е задржан во Медицинскиот центар во Струмица. 

Полесно повредени се сопатник од автомобилот и 13 патници од автобусот „Ванхул“ кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Полицијата извршила увид.

 

 

 

 

16.08.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега