Го барале од Интерпол - македонската полиција го фати на Долно Блаце

На граничниот премин „Долно Блаце“, вчера околу 10 часот и 15 минути, на влез во Република Македонија, се пријавил 34-годишниот С.Л.  од Косово, со патна исправа од Велика Британија. Тој управувал патничко возило „Мини купер“ со англиски национални ознаки, сопственост на компанија во Англија.

По извршените проверки било констатирано дека возилото е предмет на потрага од Интерпол од Велика Британија. Со потврда за привремено одземени предмети, возилото било одземено, а С.Л. поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „кражба“, бил приведен.

 

 

 

19.08.2017 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега