ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски обвинет за криминал и корупција, безмилосно го цеди буџетот за сопствени потреби

Андреј Жерновски безмилосно го цеди буџетот на Општина Центар за сопствени потреби. Модус операнди или начинот на кој што Жерновски ги топи парите на граѓаните, најдобро го знаат неговите најблиски соработници. Мирослав Шиповиќ почна отворено да говори и да го разобличува криминалното и расипничкото однесување на Жерновски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Зоран Поповски од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани жители на општина Центар, срамота е ова што го прави Жерновски. Додека жителите на Маџар Маало немаат соодветна инфраструктура, додека жителите на Дебар Маало имаат проблем со недостаток на паркинг места, додека жителите на Кале имаат проблем со водовод и канализација, градоначалникот се луксузирал и со пари од граѓаните на Центар се шетал низ Европа

Дури и довчерашните поддржувачи од платените НВО организации на СДС ја препознаа неспособноста и мрзата на Жерновски. Братучедот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Никола Наумовски признава  дека СДС ги измамил граѓаните и згрешил со кандидирањето на лош кадар како Жерновски. Според братучедот на Шекеринска ќе биде катастрофална грешка ако повторно СДС оди со Жерновски и него го опишува како човек кој нема никаков сенс за јавните простори, за децата, хендикепираните и велосипедистите.

Скандалите не застануваат тука. Советници на СДС го обвинуваат Жерновски дека тоне во криминал и корупција и го прашуваат за поткуп од 200.000 евра. Според нив, за да се добие некоја маркичка или решение треба да се плати, а целата работа оди преку неговиот возач.

 

 

 

 

26.08.2017 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега