Провалил во струшка куќа и оттаму си заминал богат

 

76 годишниот А.М. од струшко Октиси остана без 3.000 швајцарски франци и околу 450 евра, откако неговата куќа била мета на крадец.

Според полицијата, крадецот се качил на првиот кат од семејната куќа, насилно ја отворил вратата и успеал да влезе во куќата. Тој ја пребарал куќата и во спалната соба успеал да го најде богатството по кое трагал. Тој си заминал со “големи“ пари во разни апоени како и со неколку македонски  и швајцарски кредитни картички.

Полицијата трага по натрапникот.

23.08.2013 - 10:41

најчитано сега