Инстаграм има сериозен проблем - хакирани профили, бидете внимателни
Грешка во Инстаграмовиот АПИ, систем за програмирање апликации овозможи, се уште на непознати хакери да упаднат на Инстаграм профилите на познатите личности и да дојдат до нивните броеви од телефонот и имејл адреси.
Иако Инстаграм призна дека една или повеќе личности оствариле неовластен пристап на поголем број профили на високо профилирани Инстаграм корисници и нивните контакт информации, користејќи баг во Инстаграмовиот АПИ, сепак не сакаа да наведат кои ѕвезди биле хакирани во нападот.
Сигурно е дека на удар бил профилот на американската пејачка и актерка Селена Гомез, која ја следат повеќе од 125 милиони корисници.
На нејзниот профил осамнаа слики од гол Џастин Бибер, кој воедно е нејзино поранешно момче.
Од компанијата велат дека биле известени сите корисници кои имаат верификувани профили и ги советувале да бидат внимателни ако почнат да добиваат повици, пораки или имејли од непознати броеви.
Не е познато дали хакерите напаѓале само некои профили на познати личности или сите сопственици на верификувани профили се на удар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа