Кој уште користи пејџери и зошто - старата технологија има нешто што другите немаат

 

Повиците можат да бидат објавени со стискање на еден број, постои ревизиска трага, уредот е лесен за носење, а батеријата трае со месеци, а не часови.

 

Пејџерите се еднонасочни во комуникацијата и скапи, но нивната предност, ниту еден современ систем не успеа да ја достигне. Пејџерите се еден од главните синоними на деведесетите и ретко каде можат да се видат денеска, но всушност ги користат и понатаму 10 проценти од популацијата во светот, како што покажуваат најновите истражувања. Имено, тие десет проценти од луѓето и понатаму ги користат пејџерите, нешто што чини дури 6.6 милиони фунти годишно.

Во извештајот кој го објави компанијата Комон Тајм, се наведува дека пејџерите се ограничени затоа што не поддржуваат двонасочна комуникација, а и поскапи се. Но, најмногу се користат во здравството, а потоа како главен алат на докторите, пишува Гардијан.
 
Замената од речиси 130.000 пејџери со користење на мобилен софтвер би можела да сочува 2,7 милиони фунти годишно. Рован Причард Џоунс, главниот службеник за клиничка информација во болниците Света Хелена, изјави.
 
„Пејџерите претставуваат технологија од 20 век и претставуваат постар инструмент за комуникација. Докторите се навикнаа на него, затоа што само тој им дава чувство на итност, за разлика од мобилните телефони.

 

Во извештајот се заклучува дека пејџерите „повеќе не можат да постојат во Националниот здравствен систем“, велејќи дека тоа е изненадувачка „опрема која во минатото е толку ослабена за време на вонредни состојби“.

Но, Џеф Хол, од Центарот за информатија во Лидс, вели:

„Пејџерите изгледаат како стара технологија, но тие и понатаму постојат исклучиво поради своето високо ниво на отпорност. Тие се едноставни за користење, односно повиците можат да бидат објавени со притискање на еден број, постои ревизиски траг, а уредот е и лесен за носење, додека батериите траат со месеци, а не часови.

И понатаму ги користат луѓе кои сакаат „стари“ работи, и кои сметаат дека мобилниот телефон е само уште еден начин да секој кој ќе посака во било кој момент ви влезе во трага, а истите се против нив и поради зрачањето, но и поради тоа што на поедини работници поради безбедноста им е забрането да користат мобилни телефони.

 

 

 

10.09.2017 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега