Груевски: Наша визија за следните 10 години е да ја намалиме стапката на невработеност под 10 проценти и да отвориме нови 150 илјади работни места
Почитувани, дозволете да истакнам уште неколку наши визии кои се поткрепени со конкретни планови, и со кои, по повторното враќање на чело на државната управа за кое ве увереувам дека ќе се случи набрзо, Македонија ќе чекори силно напред, економски развиена, со задоволни и среќни граѓани и семејства, ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашната Конвенција „Нова Ера“.
-И вие знаете дека може да ни верувате, вие знаете дека единствено ВМРО-ДПМНЕ може тоа да го оствари затоа што ние сме тие кои ги исполнуваат ветувањата, и ние имаме кадар и знаење а и енергија тоа да го направиме. Работа за сите, државата треба да обезбеди можности за работа за секој кој сака да работи! Намалувањето на невработеноста е најуспешниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ! Во периодот додека управуваме со земјата невработеноста значително се намали од 38,7% во 2005 година, на 22,6% во 2017 година. Во овој период креирани се околу 173.000 нови работни места, вели Груевски.
Тој додава дека нивната визија и цел за наредните 10 години е да ја намалат стапката на невработеност на ниво под 10%, односно да отворат нови 150 илјади работни места во период од една декада.
-Ако успеавме да ја намалиме стапката на невработеност во услови на неколку годишна светска финансиска и европска должничка криза, неколкугодишна длабока домашна политичка криза, во стабилно опкружување можеме и имаме кредибилитет и резултати да ветиме дека ќе успееме во нашата нова цел, невработеност под 10 проценти во Република Македонија, потенцирасше Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа