СДСМ: Улиците се небезбедни - фрчат експлозии од бомби
Фрчат екплозии од бомби, криминалните пресметки станаа секојдневие а улиците се небезбедни. Неспособноста на Панче Тошковски сериозно ја наруши состојбата со безбедносна на граѓаните, велат од СДСМ.
„Само во еден месец, октомври, за неполн месец, 5 инциденти со пукање и огнено оружје, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите 4 месеци. Имаше пукање од автоматско оружје во Чаир а пред тоа пукање на Скопската обиколница, две недели претходно имаше исто така пукање во Чаир, каде што директно беше вмешан и помилуваниот наркобос, Барон. Се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица, во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка.
Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи од Панче Тошковски“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа