Лазаров: СДСМ на кавадарчани им го нуди кандидатот за градоначалник од 2013 година

 

СДС и Заев на Кавадарчани им го нудат истиот кандидат за градоначалник од 2013 година, Бетиан Китев, кој веќе беше еднаш поразен и за кого се виде што мислат кавадарчани. Владата на СДС и Заев немаат ништо направено за Кавадарци и кавадарчани, истакнува Андон Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кавадарци е земјоделски град. Кавадарчани видоа дека Зоран Заев е човекот кој од опозиција ветуваше подобри услови за земјоделците и субвенции, сега од позиција на премиер, јавно кажува дека нема да има субвенции за оние земјоделци кои нема да остварат поголемо производство од претходната година. Ова е голем удар за земјоделците. Ова е голем удар за регионите како нашиот каде цели фамилии егзистираат од земјоделие. Ова значи дека оние земјоделци кои макотрпно работат во текот на целата година и нивниот род биде уништен или намален од временска непогода, истите нема да можат да прикажат раст на производство и со тоа нема да можат добијат субвенции, нагласува Лазаров.

Тој посочува дека СДС со самото доаѓање на власт покажа колку им се значајни земјоделците и земјоделските региони како нашиот, тие скратија 387 милиони денари од буџетот за земјоделие, пари наменети за раст и развој на земјоделието.

Лазаров вели дека кавадарчани до сега од СДС видоа само кратење и блокирање на проекти.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за инвестиција вредна 35 милиони евра во Кавадарци. Дрекселмаер е фабрика во која се произведуваат кабелски инсталации за новата серија Мерцедес Ц класа и која има вработено 5.800 лица. Наспроти ова владата на СДС отвори војна против странските инвеститори. Тоа ја доведува во прашање и инвестицијата која значи живот за многу семејства во Кавадарци и околината. СДС и Заев немаат ниту еден реален проект кој можат да го понудат за Кавадарци и за подобрување на квалитетот и стандардот на кавадарчани. Бетиан Китев на локалните збори во 2013 година не ја доби довербата од кавадарчани. Кавадарчани на локалните избори на 15-ти октомври нема да му ја дадат довербата на Бетиан Китев, нагласува Лазаров.

 

 

 

24.09.2017 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега