ВМРО-ДПМНЕ: Времињата на лажни ветувања поминаа, центарци видоа што сработија Богдановиќ и СДС во изминативе четири години

-Би сакале да го потсетиме Богдановиќ дека на располагање имаа 100 милиони евра, а единствена работа со која можат да се пофалат е екстремно скапата и преплатена Боемска Улица за чија должина од 280 метра платена е 710 илјади евра и ЕДЕН монтажен паркинг позади Буњаковец, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од партијата тие се проектите на Жерновски и Богдановиќ.

-Исто така Богдановиќ и СДС имаа на располагање 4 години да направат монтажни паркиралишта, повеќе паркинг места, зелени површини како и нова детска градинка во Маџар Маало. Тоа не го направија. Наместо тоа Саша Богдановиќ тераше матни бизниси со ПОЦ. Само со една фирма во 4 очи склучил договори вредни над половина милион евра. И тоа е вистински скандал. Времиња на лажни ветувања поминаа. Центарци видоа што сработија Богдановиќ и СДС во изминативе четири години, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели и дека неспособноста, партизираноста, неработењето се главните одлики на Саша Богдановиќ и затоа Центарци ќе го казнат на 15-ти октомври.

 

 

 

25.09.2017 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега