ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата на Спасовски директно се вклучи во изборната кампања на СДС

Она што СДС го прави не е само киднапирање на институциите, не е само диктатура и режим, во Македонија завладува хунта, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Оливер Спасовски од СДСМ.

-Во истиот момент кога министерот за внатрешни работи, Спасовски дава изјава дека полицијата нема се вклучува и интервенира во изборите, имаме поднесување на монтирана и целосно бесмислена кривична пријава против градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, а  финансиската полиција има упад во уште една општина раководена од наш градоначалник, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека полицијата на Спасовски директно се вклучи во изборната кампања на СДС. Трет ден нема санкционирани ниту одговорност за полицијаците кои во петокот, кандидатот за градоначалник на истата општина Митко Јанчев без било каква причина беше застанат и малтретиран од полицијата. Политичката хајка и притисоците врз кандидатите за градоначалници е израз на стравот и нервоза на СДС од претстојниот изборен пораз.

 

 

 

25.09.2017 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега