Попова: Дел од учениците немаат добиено учебници, СДС нема капацитет за водење на институциите

Измина речиси 1 месец откако започна новата учебна година, а голем дел од учениците се уште не ги добиле учебниците по сите предмети, кои вообичаено во изминатите 8 години, владата која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ ги обезбедуваше бесплатно и доставуваше навремено, пред први септември, обвинува Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Родителите со право се загрижени. Наставниците, исто така. Тие се во непријатна ситуација затоа што, во следните неколку денови треба да започне проверката на знаењето на учениците, а тие пак, немаат од каде да учат. Иако, оваа активност треба да биде вообичаена за Министерството за образование и наука, неодговорната министерка од редовите на СДС, се уште не ја завршила и покрај ветувањата дека учебниците целосно ќе бидат набавени и дистрибуирани до 15-ти септември. Јавноста беше грубо излажана, а штетата е на сметка на учениците и наставниците. Повеќе од јасно е дека СДС нема капацитет за водење на институциите. Образованието е во тотален хаос. Освен укинувања, стопирања и блокирања на реформски процеси и проекти наменети за граѓаните, во изминатите 100 дена не видовме ништо корисно од политиката на оваа расипничка влада, истакна таа.

Оваа информацијата која денес ја споделивме, вели Попова, е само уште една причина и потврда дека СДС ќе биде казнет од мнозинството граѓани овие локални избори, по што ќе се отвори и можноста за предвремени парламентарни избори, со цел враќање на државата на вистинскиот пат.

 

 

 

26.09.2017 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега