ФОТО: Груевски оствари средба со Ахмет Давутоглу

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес заедно со членовите на Извршниот комитет Никола Попоски, Никола Тодоров, Александар Николоски, Владимир Ѓорчев оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник, Ахмет Давутоглу, информираат од партијата.

На средбата се разговарало за актуелните случувања, политичката состојба, приоритетите на државата и за турско македонското пријателство кое е резултат на долгогодишна блиска соработка.

 

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека државата се соочува со тешка економска ситуација и надолен тренд на макроекономски показатели кои покажуваат дека ни престои подлабока економска криза која се одразува врз стандардот на граѓаните. Од страна на Груевски беше посочено дека  турско македонското пријателство е на црвсти основи и е резултат на традиционално добрата соработка.  Беше поздравена поддршката од страна на Турската држава и користењето на уставното име, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Беше истакнато дека приоритети на Република Македонија остануваат членството во НАТО, и Европската Унија.

 

 

 

 

29.09.2017 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега