Ѓуровски: СДСМ крати во археологија каде сакаме да го покажеме нашиот идентитет и нашето постоење

 

Се крати буџетот за култура. Уште на почетокот 4 милиони ги пресметаа дека треба да ги скратат во сите сегменти на културата, што е демотивирачки за луѓето што работат во културата, истакна Петар Ѓуровски на денешната трибина на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се крати во археологија каде сакаме да го покажеме нашиот идентитет и нашето постоење одамна. Се крати во делот каде почнува да преведуваме книги на многу јазици, што досега не се случувало. Јас кога студирав учев на српско-хрватски немав преведено на македонски јазик. по одреден период, сега имам чувство дека се враќаме назад, дека имаме едно класично деградирање на она што станува збор за идентитет, што станува збор за чувство дека треба да покажеме кои сме и што сме. Настанува еден вакуум на депресија каде од самиот почеток кога треба да твориме, знаеме дека пополека ни се кратат некои гранки, вели Ѓуровски.

 

Тој вели дека ова е лоша стратегија, бидејќи веќе авторскиот дел каде можело да им се даде шанса и на млади луѓе, се крати.

 

 

 

 

 

29.09.2017 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега