Откриен идентитетот на загинатиот маж кај Катланово
37 годишниот скопјанец Драган Фидановски е лицето кое вчера попладне загина во страшната сообраќајка кај Катланово.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила кога Фидановски управувајќи со автомобил „Рено Лагуна“ удрил во бетонскиот почеток од вијадуктот на еден километар пред тунелот кај Катланов и излетал од патот.
Скопјанецот починал на лице место. Неговото тело е предадено на обдукција.
26.08.2013 - 10:25