Андоновска: Наместо за инвестиции во здравството, парите на граѓаните се трошат за двојни плати на функционери од СДС

 

Имаме потполн молк а скандалот двојни плати на функционерите на СДС. Ќе потсетиме тие во својство на функционери платени од државата во министерството за здравство се поставиле и за советници на министерот со што си овозможиле од две места да земаат пари, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа обвини дека наместо за нова опрема, вложувања во здравството парите на граѓаните се трошат на двојни плати, функционерски и советнички за луѓето од СДС.

-Па така Државниот секретар во министерството за здравство под капата на СДС, Владимир Милошев кој е и претседател на општинската организација на СДС во Штип, во исто време зема плата и како државен секретар и хонорар како советник на министерот. Владимир Милошев, не е единствениот од врхушката на власта кој земал плата од повеќе места. Платата или хонорарот во разни комисии и управни одбори не им бил пречка и на другите советници на министерот да се ангажираат како советници за плус хонорар. Граѓаните се прашуваат уште колку други функционери од власта на СДС земаат плати од две или три места. Зошто парите наместо за лекови за болните за леукемија, кој редовно ги нема, одат за двојни плати за функционерите на СДС, праша Андоновска.

Андоновска кажа дена наместо повлекување од двојните плати, функционерите од власта молчат и се надеваат дека овој скандал ќе се заборави.

-Доколку Владимир Милошев и останатите имаат грам морал, ќе ги вратат парите кои ги земале како хонорари и од морални причини ќе си поднесат оставка од позициите кои ги држат. Граѓаните немаат потреба од политичари кои мислат како да ги наполнат своите приватни сметки. Граѓаните имаат потреба од политичари кои ќе мислат како да го подобрат животот на граѓаните, изјави Андоновска.

 
 

 

 

02.10.2017 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега