Пет знаци кои укажуваат на тоа дека некој ви го прислушкува телефонот

 

Прислушкувањето на телефони не е новост и се случува насекаде низ светот. Еве 5 работи кои посочуваат дека можеби некој ве прислушкува...

1. Брзо празнење на батеријата – може да ви стане чудно зошто батеријата бргу ви се празни. Тоа е затоа што на телефонот е насаден на некоја шпионска програма. Треба да се провери дали апаратот ви е веќе стар, па батеријата му е слаба, ама ако имате нов апарат, само што сте го наполниле а тој бргу се прзни, имате право на сомнеж.

2. Светкање на апаратот – може да се јавуваат светкања на апаратот а тој сепак да не ви ѕвони!

3. Просторни звуци – ако слушате гласови или други разговори или шумови додека разговарате може да се работи за некој вид на прислушкување.

4. Пречки – може да се случи телефонот да не можете да го користите или да се јавува прекин без образложение – тоа е затоа што некој кој ве прислушкув, или ги предава податоците од вашиот апарат на некое трето лице (орган) или му алармира да започне со работа. Тоа треба да е предмет на ваше обеспокојување, без сомнение.

5. Долго звонење на апаратот – некогаш забележувате дека за некого треба долго време за да го добиете. Тоа е затоа што службите добиваат на време за да се подготват да го фатат, односно го снимат разговорот, бидејќи, вие сте им “фикс” а врската е посебно интересна.

 

 

 

02.10.2017 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега