Штипјанец си ги нападна сопругата и ќерката со секира

40 годишниот штипјанец М.З. заработи кривична пријава откако, на 12-ти овој месец ги нападна своите сопруга и ќерка.

Според МВР, М.З. се збеснал поради претходна расправија и физички ги нападнал неговата сопруга и ќерка. Тие влегле во автомобил за да избегаат од неговиот ќотек, но, тој им се приближил со секира и го демолирал возилото.

Освен своите сопруга и ќерка, штипјанецот ги исплашил и минувачите. 

26.08.2013 - 13:32

најчитано сега