Трагедија во Македонија: Маж загина, брат му тешко повреден

Маж загина, а неговиот брат е тешко повреден во несреќен случај регистриран од полицијата вчера  околу 7 часот и 30 минути.

Како што информираат од полицијата несреќата се случила во атар на прилепското село Дреновци кога 35-годишниот Р.Б со трактор се превртел на планински терен. Тој починал на лице место, додека неговиот брат 27- годишниот П.Б се здобил со тешка повреда, фрактура на десната потколеница.

 

Повредениот брат ги повикал соселаните на помош, кои го извадиле телото на починатиот од под тракторот.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

 

17.10.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега