18- годишно момче нападнато и ограбено во Скопје

Три лица извршиле грабеж во близина на кејот на Вардар .

МВР извести дека вчера околу 19 часот и 30 минути било пријавено дека во Скопје на булеват „Кузман Јосифовски Питу“, поточно на кејот на реката Вардар три непознати лица извршиле разбојништво над 18- годишниот И.А.

Според извештајот од полиција тие најпрвин започнале разговор со него, а потоа едно од лицата од позади го удрило во пределот на главата, по што оштетениот паднал.Тогаш лицата почнале да му пребаруваат по џебовите одземајќи му 500 денари и мобилен телефон, по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

17.10.2017 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега