Голема трагедија во Македонија - изгоре тригодишно дете во својот дом

Вчера утрината во струшкото село Ново Село, во домот на 32-годишниот Г.И настанал пожар, од засега непознати причини, соопштуваат од МВР. За време на пожарот внатре во куќата била неговата три годишна ќерка, која се здобила со тешки изгореници, па морала да биде транспортирана на скопските клиники. По пат дотаму девојчето починало.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со Јавен обвинител телото на починатото девојче е предадено на семејството за погреб.

 

 

 

17.10.2017 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега