Старица претепана во спиење - хорор кражба во Крива Паланка

Вчера, околу 4 часот  по полноќ во полиција било пријавено дека во село Конопница-Крива Паланка, во куќа сопственост на 77-годишниот С.А., две непознати лица насилно ја отвориле влезната врата и влегле во собата во која спиела неговата сопруга 84-годишната Д.А., по што едно од лицата физички ја нападнало удирајќи ја со раце и тврд предмет во пределот на главата и телото воедно барајќи и пари. Во еден момент Д.А. успеала да се отргне и да влезе во друга соба каде се обидела да ја заклучи вратата, но едно од лицата успеало да влезе внатре и продолжило да ја удира. Потоа лицата излегле во просторијата-светларник каде го искршиле стаклото од влезната врата и заминале во непознат правец. 

Од страна на лицата не било извршено пребарување по собите, но според оштетената и недостасувала една златна пара која ја носела на вратот врзана со црна врвка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

17.10.2017 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега