Истоварил мигранти на Табановце па побегнал

На граничниот премин во Табановце, забележано е возило кои пренесувало 15 мигранти.

Во соопштението од полицијата се вели дека вчера околу 22 часот и 50 минути било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин “Табановце“ на место викано „Костурник“, полициски службеници од Полицска станица за Граничен надзор Сопот забележале дека застанало возило од кое излегле 15 лица-мигранти (од кои четири лица од Индија, три лица од Авганистан и осум лица од Пакистан), а возачот со возилото се дал во бегство.

Мигрантите се сместени во Прифатниот центар-Гевгелија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

17.10.2017 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега