Изгоре автомобил пред ресторан во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе  кривична пријава против  28-годишниот Д.Т. од Скопје и 36-годишниот А.Т. исто од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело “предизвикување општа опасност“.

Имено, на 15.05.2017 година некаде пред полноќ, на булевар „Асном“ во Скопје пред угостителски објект од такси возило управувано од  второпријавениот, излегол Д.Т. заедно со уште едно непознато лице опожарил возило “Мерцедес“, при што од пожарот било опожарено и возило “Опел Мовано“. По ова првопријавениот, заедно со другото лице се вратиле во такси возилото. Возилото набргу било застаното од полициски службеници, при што Д.Т. и непознатото лице избегале, додека А.Т. бил лишен од слобода.

 

 

 

17.10.2017 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега