Апсење кај „Блаце“- со трактори ја преминале границата

Вчера околу 15,00 часот во близина на објектот на Полициска станица за Граничен надзор бил затекнат 54- годишниот Т.К од Косово, заедно со уште неколку лица со трактор кои преку реката Лепенец нелегално ја преминале државната граница.

Лицата кои биле со Т.К. се дале во бегство, а на местото на настанот било извршено нелегално сечење на дрва на околу три метри кубни огревно дрво (топола и јасика).

Осомничениот бил приведен во Полициска станица за Граничен надзор“Блаце“ и по извршениот разговор во 21,00 часот лицето било ослободено и протерано преку Граничен Премин“Блаце“.

 

 

 

17.10.2017 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега