Агенцијата за вработување бара двајца службеници - плата 18.500 денари
Агенцијата за вработување отвара оглас за вработување на двајца службеници. Станува збор за соработник за буџетска координација кој ќе работи во Централната служба во Скопје и соработник за услуги за поддршка за вработување кој ќе работи во центарот за вработување во Кочани. И за двете работни места потребно е високо образование. Платата изнесува 18.450 денари, а се работи 8 часа дневно, 5 дена во неделата.
Доколку сте заинтересирани за ова работно место и ги исполнувате бараните квалификации, аплицирајте на овој линк
27.08.2013 - 13:37