Просечната нето плата во јуни 21.108 денари
Просечната исплатена нето-плата по вработен во јуни изнесувала 21.108 денари и во однос на јуни лани е повисока за 2,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред се, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 6,8 проценти, информации и комуникации за 6,8 проценти и градежништво за 6,1 процент.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен за 9,2 проценти, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 проценти и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,3 проценти.
Во јуни годинава 2,3 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.Исплатената просечна бруто плата во јуни изнесува 30.957 денари.