Скопјани откинувале златен накит од врат, па го продавале на пазар

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 20-годишниот Н.Д. и 23-годишниот Н.И., двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршиле четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“.

Пријавените со  употреба на физичка сила во населбата „Шуто Оризари“ им ги кинеле од врат златните ланчиња со приврзоци на повеќе лица, а украденото злато го продавале во непозната златара на „Бит Пазар“,  при што се стекнале со имотна корист од околу 139.000 денари.

 

 

 

26.10.2017 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега