Драма во Скопје - мајка го прободела поранешното момче на ќерка си

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека вчера, во Гардската општа болница „8-ми Септември“ бил примен 37-годишниот И.И со тешки телесно повреди.

Имено, 42- годишната А.Н го прободела со нож И.И. по долгата расправија која ја имал со нејзината ќерка К.Б., со која претходно бил во љубовна врска.

Ранетиот веднаш бил пренесен во болница, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи и ги преземале потребните мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

27.10.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега