Кумановец го нападнал обезбедувањето во казино

Секторот за внатрешни работи во Куманово поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.А. од Куманово поради сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.

Имено, на 04.07.2017 година околу 22:30 часот во казино во Куманово, А.А. одбил да се легитимира на вработен во обезбедување во казиното и почнал да го навредува и да го влече. Во еден момент вработениот паднал по скали и се здобил со телесни повреди.

 

 

 

27.10.2017 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега