Претепан кавадарчанец бидејќи се бунел дека кози му влегле во лозјето

Шеесетгодишен кавадарчанец е претепан зашто се бунел дека кози му влегле во лозјето, информира СВР Велес.

Случајот е пријавен како „нарушување ред и мир“, а лицето е донесено во општа болница Кавадарци со сериозни повреди во пределот на главата и скршеници на двете подлактици.

Ова го потврди и Драги Јованов, раководител на хируршкото одделение во болницата.

- Повредениот е свесен и под контрола, но најверојатно, во придружба на анестезиолог и сестра, ќе биде транспортиран во Клиничкиот центар Скопје за дијагностицирање поради повредите на главата. Се преземаат сите мерки за стабилизација, соопшти Јованов.

 

 

 

27.10.2017 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега