Прегазено младо момче во Скопје

 

Автомобил удрил пешак во Скопје.

На 27.10.2017  година околу 22 часот и 20 минути  на булевар “Крсте Мисирков” патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки управувано од 51- годишен Р.А од Скопје удрило во пешакот 19- годишен К.Г од Р. Косово, кој живее во Скопје, информираат од МВР.

Од полиција информираат дека Р.А. го напуштил местото на настанот и во 23 часот и 30 минути сам се пријавил во Полициската станица Центар.

Од сообраќајната незгода со повреди се здобил пешакот и истиот со возило на брза помош е пренесен во Градска општа болница “Св. Наум Охридски”, каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на лева потколеница и повреда на лево рамо),  по што е однесен во Ургентен Центар на трауматологија, каде е задржан на понатамошно лекување .

 

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

29.10.2017 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега