Двајца полицајци се истепале меѓу себе во Драчево

Две службени од полициската станица во Драчево се испотепале.

Од МВР соопштуваат дека на 27.10.2017 година околу 19 часот и 15 минути во просторијата на дежурната служба на полициската станица Драчево, по претходна расправија, двајца вработени во полициската станица физички се пресметале.

Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

29.10.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега