Македонија успешно се подготвува за одгледување турски сорти ориз во Кочанско

 

 

Делегација од Република Турција во рамки на работната посета на Кочани денеска ги посети површините ориз на Земјоделескиот институт каде што се реализира проектот за развој на оризопроизводството преку експериментална продукција на 15 различни оригинални турски сорти ориз на површина од 5 декари.

Експертите оценија дека проектот, поддржан од Министерстсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), ги дава очекуваните резултати што е гаранција за натамошна успешна реализција.

- За општина Кочани и земјоделството воопшто, почнувањето на овој проект е од големо значење. Земјоделците очекуваат значајни придобивки во делот на квалитетнотото производство на арпа и бел ориз и приближување на домашното производство кон турските и европските стандарди, истакна градоначалникот Ратко Димитровски.

Соработката се очекува да продолжи и во наредните години со примена на нови сорти ориз и семенски материјал. Во проектот ќе се вклучат поголем број земјоделци и обработливи површини од Кочанско поле. 

27.08.2013 - 15:44
Фото: 
региони

најчитано сега