Србин пронајден мртов на улица во Македонија

Четириесет и осум годишниот Д.И. од Србија, со престој во Виница вчера вечерта бил пронајден мртов на улицата „Кузман Јосифовски Питу“ во Македонски Брод.

Безживотното тело го пронашол 42 годишниот З.Р. од Радовиш кој повикал брза помош која  констатирала смрт без видливи траги на насилство кај Србинот, по што случајот бил пријавен во полиција.

Полициски екипи во присуство на јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

 

 

 

31.10.2017 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега