Илиевски: Груевски ја има мојата апсолутна поддршка и доверба - тој ја издигна партијата од пепел
Членството бара Груевски да продолжи да ја води партијата, смета членот на извршниот комитет на партијата Богдан Илиевски, во јавноста познат како Бетмен во интервју за Макфакс
Според него, заминување на Груевски бара само СДСМ но не и членството на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тој ја има мојата апсолутна поддршка и доверба. Да не заборавиме дека тој ја издигна партијата од пепел. Донесе многу победи и верувам дека може да го донесе најдобриот суд и ќе ја донесе најдобрата одлука и за својата и за иднината на партијата“ – вели Илиевски
Тој вели дека е убеден дека најголемиот дел од членството бара Груевски да остане на претседателското место.
„Убеден сум, можам да ви кажам дека најголемиот дел од членството не би сакало смена на Претседателот“ – вели Илиевски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа