Ѓорчев: СДСМ направи изборен фалсификат, и затоа само тие и ДУИ ги признаваат овие избори
Во денешната емисија на Топ Тема на телевизија Телма, гостуваше Владимир Ѓорчев, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека и во двата круга од локалните избори, атмосферата била тензична и несвојствена за Република Македонија. Според него никој граѓанин не памети вакви избори каде што не преовладувал разумот туку насилството, заканите, поткупот и големо присуство на полиција на гласачките места во сите општини. Тој додаде дека моментално во Македонија има ситуација каде што од пет политички партии, три политички партии не ги признаваат изборите, од кои една од нив е владин коалиционен партнер на СДСМ.
– Имаме ситуација внатре во Македонија, каде што изборите не ги признава ВМРО-ДПМНЕ, изборите не ги признава БЕСА, изборите не ги признава владина учесник Алијанса на Албанците. Луѓе партиципиенти во владата на Зоран Заев не ги признаваат резултатите. И не само што не ги признаваат резултатите, туку објаснуваат за бројни злоупотреби. Значи освен СДСМ и ДУИ никој не ги признава резултатите,рече Ѓорчев.
Ѓорчев обвини дека изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ била украдена. Ѓорчев додаде дека СДСМ со помош на МВР организирала голем изборен фалсификат и во вториот круг од локалните избори во голем број на општини.
-Нас победата во Штип ни е украдена, нас победата во Виница ни е украдена, нас победата во Македонска Каменица ни е украдена, нас победата во Чешиново Облешево исто така ни е украдена, нас победата во Могила и Новаци ни е украдена и во голем број други општини, додаде Ѓорчев.
Според него, СДСМ на овие локални избори направила голем изборен инжинеринг и покажала големо непочитување на волјата на граѓаните, со што СДСМ помогнала и учествувала во враќал на криминалот, насилството, рекетот, а граѓаните веќе ја почувствувале небезбедноста во градот Скопје и сите општини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа