Заев ќе му ја лади главата на Села

 

4 пати во 4 минути премиерот Заев им порача на коалиционите партнери во владата да ги оладат главите, пишува Сител.

По изјавите на Села и Таравари за можно напуштање на владината коалиција, Заев очекува страстите да се смират до викендот кога планира да ги отвори разговорите со партнерите за идното функционирање на владата.

Заев е уверен дека има мнозинство и без пратениците на Зијадин Села но вели дека неговата цел е формирање на што пошироко мнозинство. Тврдид ека разгоиворите за влез на ДПА во владата не се започнати а до сега не било разговарано ниту за приклучување на други опозициски пратеници кон владејачкото мнозинство.

- Ние со Саздовски немаме разговарано за мнозинство, но јас посакувам да разговарам со многу пратеници и верувам ќе имам можност да разговарам. Не би сакал да ги форсирам процесите неприродно, туку сакам тие да се случуваат по природен пат. Но, знам дека имаме мнозинство и без Села. Но, знаете дека секојпат сум поборник тоа мнозинство да виде колку што е можно посилно. Македонија е исправена пред сериозни одлуки, треба да ги завратиме ракавите и да работиме, а со поголемо и посилно мнозинство тоа е секако повозможно и би било поуспешно, изјави Заев.

По локалните избори во владата се испразмнети 2 министерскји и едно заменик мибнистерско место. Заев најавува дека кадровските решенија со коалиционите партнери ќе бидат дефиниорани викендов. Села во изјава за Макфакс вчера пшорача дека никогаш не би бил министер во владата на Заев потенцирајќи дека себе си се смета за личност со само почит и интегритет. И новиот градоначалник на Гостивар а поранешен министер за здравство Таравари посочи дека евентуалниот влез на ДПА во владата значи сигурно заминување на Алијансата на Села одвладината коалиција.

 

 

02.11.2017 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега