Македонец прегазил човек во Драч

Македонски државјанин, возач на автобус утрово учествувал во сообраќајка во близина на албанскиот пристанишен град Драч.

Според полициското соопштение,48-годишниот  Г.Б. жител на селото Слатино, тетовско, со автобусот со кој управувал удрил во пешакот 72-годишниот Д.Б. кој подлегнал од здобиените повреди.

 

Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Тирана-Драч утрово во 5:20 часот кај Шукт во близина на Драч.

Возачот е задржан во полицискиот комесаријат во Драч, заради расветлување на причините.

 

 

 

02.11.2017 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега