Верижен судар во Скопје: Две лица повредени

Сообраќајка помеѓу четири возила во Скопје, две лица полесно повредени.

МВР соопшти дека вчера во 22 часот и 15 минути во Скопје на булевар „Никола Карев“  на крстосница со улица „362“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „БМВ 530Д“ управувано од 24- годишниот Џ.М од Скопје, возило „Пежо“ управувано од 37- годишниот  В.Л од Скопје, возило „Ауди А6“ управувано од 46 -годишниот М.Т од Скопје и возило „Фиат Добло“ управувано од 48- годишниот С.С од Скопје.

Од незгодата со телесни повреди се задобиле, возачот на „БМВ“ Џ.М. и сопатничката во истото возило 20- годишната Џ.М од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Скопје. 

 

 

 

05.11.2017 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега