ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на судот за „Тврдина 2“ е партиско-политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Македонија
Одлуката на Судот значи подривање на правната држава. Одлуката нема да има никаква правна основа, туку е партиско-политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Република Македонија, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на пресудите за случајот „Тврдина 2“.
-Ова е апсурден предмет со кој се обвинува за фалсификат, а се става на товар дека наводно биле уништени исправи со вистината содржина. Апсурдот за да биде поголем, ваква инкриминација не постои во акуелниот кривичен закон, односно СЈО го промашиле кривичното дело заради нестручност, незнаење или сервилност за извршување на политичките наредби. Дополнително донесена е пресуда по предлог обвинение застапувано до СЈО кое не е надлежно за ваков предмет. Во однос на надлежноста на СЈО околу предметот се креира дополнителна конфузија, Законот нив ги ограничува на постапување единствено во врска со предмети кои директно произлегуваат од нелегалните разговори. За „Тврдина 2“ не постои ниту еден незаконски снимен разговор на кој се повикува СЈО во постапката, а измисленото дело кое се става на товар е надвор од временската рамка која го ограничува постапувањето на СЈО. Оваа одлука е резултат на политичкиот прогон и на политичкиот притисок. Ова е политичка, а не правна одлука, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа