Македонците се зависници од платежни картички

 

Според податоците на Народната банка, заклучно со јули, во Македонија во употреба биле 1,5 милион картички. 

Од вкупниот број, најголем дел, 73% или 1,1 милион картички се дебитни картички. Според бројноста, веднаш зад нив се кредитни картички – 311 илјади, потоа картичките со кеш-функција чии број изнесува скоро 60 илјади.

Овие бројки укажуваат дека речиси секој граѓанин на Македонија е задолжен со по една кратичка, или во однос на вкупниот број на вработени граѓани, тоа би значело дека во просек секој кој заработува – должи по 2,3 картички.

Според податоците на Народната банка, во јули годинава се свртеле 188 милиони евра само преку картичките. Од овие пари, 162 милиони евра поминале преку дебитните картички додека преку кредтните вкупниот остварен промет изнесува 23 милиони евра.

Во однос на јануари годинава забележан е тренд на пораст на картичките, па за седум месеци бројката се зголемила за 43 илјади нови картички. Од јануари до јули бројот на кредитните картички е зголемен за скоро 15 илјади ново издадени картички.

Во јули, во Македонија имало 23 722 трговци кои работат со картички а како најкористени трендови се посочуваат : Casys, American Express, Diners, EURO Standard, Mastercard, ProCredit и VISA.

28.08.2013 - 11:08

најчитано сега