И влегол дома ја нападнал и ограбил - скопјанка жртва на безмилосен крадец

 

Вчера околу 15:30 часот, се случила филмска кражба во стан на улицата „Бапчор“ во Скопје.

Како што информираат од полицијата, засега непонат натрапник влегол во станот на 79 годишната С.С. и и рекол на старицата дека го пратил нејзин внук да земе некои документи. Жената се спротиставила, но, крадецот ја совладал и ја фрлил на креветот во спалната соба. Додека старицата се обидувала да стане, тој ги пребарал собите и од паричникот на С.С. земал 3.000 денари и избегал.

Полицијата од Гази Баба трага по насилниот крадец.

28.08.2013 - 11:39

најчитано сега