Пресврт во случајот со киднапирањето во Тетово

Жител на тетовското село Жеровјане поради финансиски долгови исценирал случај на грабнување. Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со пријавеното грабнување на 52-годишниот А.А. од  Жеровјане, кој бил пронајден во Гостивар, а потоа повикан во тетовската полиција. Тој сам го измислил киднапирањето поради долгови.

Исчезнувањето на А.А. било пријавено во Полициска станица Жеровјане на осми овој месец во 15 часот. Потоа на телефонот на зетот Н.Б. од тетовското село Боговиње му пристигнале смс пораки дека исчезнатиот со неговото возило бил задржан од непознати лица и оти ќе биде пуштен откако ќе се даде одредена сума на пари.

Н.Б. вчера околу 18 часот во Полициската станица Тетово го пријавил случајот како грабнување.

 

 

 

11.11.2017 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега